| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуирано селото Пишица

pisica

Евакуирани се околу 140 жители од 40 куќи од селото Пишица, како и околу 600 грла ситен и 200 грла крупен добиток. Евакуираните лица се сместени во училишен интернат во Пробиштип, а состојбата со браната и понатаму се следи.

Евакуацијата е поради состојбата со браната „Пишица“ кај Пробиштип која е сериозна. И покрај отворањето на сите испусни вентили нагло е зголемено нивото на водата во браната при што на повеќе места е настанато излевање на водата.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека сериозен проблем преставува настанатиот процеп на дел на круната на браната каде имало најголемо прелевање на водата. Процепот е со широчина од околу 20 метри и длабочина од 3,5 до 4 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top