Во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип – Плачковица, кај археолошкиот локалитет Баргала, се повредени пет лица на возраст од 18 до 20 години.
Сообраќајката се случила синоќа, околу 22 часот, кога „голф“ зад чиј волан бил 20-годишниот штипјанец Б.К. загубил контрола и излетал од патот. Во автомобилот патувале и четири девојчиња од кои три од Штип и една од Делчево, И.С. (18) од Делчево, Н.С. (18), К.Т. (18) и С.Д. (19) од Штип.
Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова за МИА, вели дека возачот и една од сопатничките заработиле телесни повреди, додека три сопатнички заработиле тешки телесни повреди. Две од девојчињата итно биле пренесени на скопските клиники.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
За само три дена, ова е втора несреќа во источниот регион во која учествуваат млади луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.