| четврток, 6 декември 2018 |

Алтернативата на ММФ станува реалност

Руската влада ја одобри нацрт-спогодбата за основање заеднички стабилизациски фонд на релативни девизни резерви на Бразил, Русија, Индија, Кина и на Јужноафриканската Република со вкупен капитал од 100 милијарди долари. Новата финансиска структура ќе биде конкуренција на Меѓународниот монетарен фонд, а постои можност нејзиното седиште да се наоѓа во Русија.

Руската влада потпиша нацрт-спогодба за основање институција аналогна на Меѓународниот монетарен фонд во рамките на БРИКС. Врз основа на овој документ, доларските девизни резерви ќе останат на сметките на централните банки членки на групата, со тоа што тие ќе можат да бидат ставени на располагање на онаа членка која ќе има потреба од нив. Меѓу другото, како што објаснува Василиј Јакимкин, доцент на Руската академија за народно стопанство и државна администрација, при претседателот на Русија (РАНХиГС), во рамките на проектот се планира основање на две потструктури. Како прво, тоа се стабилизациски девизни резерви со капитал од 100 милијарди долари, што претставува директна конкуренција на ММФ. Во овој фонд земјите на БРИКС ќе имаат различни удели: Кина – 41 милијарда долара, Русија – 18 милијарди, Бразил – 18 милијарди, Индија – 18 милијарди и Јужноафриканската Република – 5 милијарди долари. Како второ, ќе биде основана нова Развојна банка со капитал од 50 милијарди долари, во кој секоја земја ќе вложи по 10 милијарди.

-Се очекува дека спогодбите за основање на овие институции ќе бидат потпишани веќе на 15 јули на самитот на шефови на државите на БРИКС во Бразил, а тие ќе почнат со работа веќе од 2015 година, објаснува Василиј Јакимкин. При тоа, според него, сите земји на БРИКС сакаат седиштата на новите установи да бидат во нејзините земји. Основачката спогодба за новиот монетарен фонд го состави Бразил, додека Русија беше задолжена за склопување на меѓувладините спогодби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top