Русија и натаму ќе тренира соработници за специјалните служби на државите од ЗНД, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин, а пренесува ИТАР-ТАСС.
– Продолжуваме да им помагаме на нашите пријатели од државите на ЗНД преку подготовка на кадри за специјалните и безбедносните служби. Ве уверувам дека со тоа ќе продолжиме и понатаму – изјави Путин.
Владимир Путин подвлече дека руската страна ќе настојува ситуацијата во Авганистан да остане под контрола на официјалните власти по повлекувањето на војската на САД од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


