Марјан Трајковиќ (роден 1967) од Куманово
Тоде Орешков (роден 1970) од Кавадарци
Драги Мицев (роден 1969) од Струмица
Иљо Лопатички (роден 1968) од Битола
Ова се четворицата припадници на воздухопловство кои синоќа го загубија својот живот во хеликоптерска несреќа. Според МВР, тие не се пожалиле на проблеми со леталото, а на последното сервисирање сѐ било во ред со хеликоптерот. Имале целосна опрема за ноќно летање. Ќе се чека увид од двете црни кутии кои се пронајдени.
Формирана е посебна комисија со експерти од различни области кои ќе ги утврдат причините за падот на леталото. Четворицата загинати се дел од хеликоптерската единица на МВР.
Според МВР, хеликоптерот е произведен во 2008 година. Синоќа пилотите биле на ноќен тренажен лет на релација Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно. Министерката за внатрешни информира дека околу 22 часот хеликоптерот тип „МИ17“ со регистарски ознаки MAP 7712 удрил во антенски столб на македонската радиодифузија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



