| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемениот водостој ја влошува состојбата во акумулациите Пишица и Слатино

Обилниот доток на вода во акумулациите Пишица и Слатино предизвика сериозен проблем за надлежните кои со крајни напори се обидуваат да спречат целосно попуштање на браните.

Според информациите на Центарот за управување сокризи, и покрај тоа што биле отворени сите испусни вентили на браната Пишица кај Пробиштип, дошло до нагло зголемување на нивото на водата во акумулацијата при што на повеќе места се изелала водата преку круната на браната.

Сериозен проблем преставува настанатиот процеп на дел на круната на браната каде имаше најголемо прелевање на водата а истиот е во широчина од околу 20 метра и длабочина од 3,5 до 4 метри. Извршена е евакуација на околу 140 жители од 40 куќи од с.Пишица како и околу 600 грла ситен и 200 грла крупен добиток. Евакуираните лица се сместени во Училишен интернат во Пробиштип. Состојбата на браната и понатаму се следи, се вели во соопштението од ЦУК.

Во орхидско Слатино петти ден по ред состојбата е непроменета, но се очекува влошување на состојбата поради врнежите од дожд и зголемениот дотек на Мраморечка река.

Екипа од ДЗС Охрид извршила техничка интервенција на преливниот праг на браната со цел да се зголеми количеството на вода кое што од акумулацијата ќе се ослободува преку преливниот канал. Акцијата ќе продолжи и во текот на денешниот ден, велат од ЦУК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top