| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Пол Вокер, повторно со насмевка на лицето

Иако пред смртта на Пол Вокер не се ни знаеше дека тој има ќерка, петнаесетгодишната Медоу од тој немил настан влезе во центарот на вниманието на медиумите. Поради тоа што се појавија голем број лажни профили со нејзиното име на социјалните мрежи, Медоу реши да направи свој официјален профил.

пол

Таа на „Инстаграм“ постави фотографија како се сонча на плажа, а многумина коментираа како им е драго што оваа тинејџерка повторно има причина за насмевка.

пол 2

Медоу го загуби татко си во трагична сообраќајна несреќа која го потресе светот. Овој 40-годишен актер се прослави во серијалот филмови „Огнени улици“, а поради својата убавина, беше омилен меѓу жените. Со оглед на тоа дека е негова единствена ќерка, Медоу, кога ќе стане полнолетна, треба да го наследи Половото богатство, кое се проценува на 16 милиони долари.

пол 3

Младата Медоу со фановите подели и две фотографии со татко ѝ од различни периоди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top