| четврток, 6 декември 2018 |

Проклетството на серијата „Хор“ – уште едно момче пронајдено мртво

По прерано починатиот актер Кори Монтеит, кој толкуваше една од главните улоги во популарниот тинејџерски мјузикл „Хор“ („Glee“), вчера попладне беше пронајдено телото на момчето на една од главните актерки.

Триесет и петгодишниот Мет Бендик, сопственик на ноќен клуб и момче на ѕвездата од „Хор“, Бека Тобин, беше пронајден мртов во еден хотел во Филаделфија, каде што бил на службен пат заедно со неговата девојка.

492648_profimedia0142148884_ff

Телото на Бендик го пронашла собарката, а сѐ уште не се знае каде во тој момент била Тобин, ниту, пак, се разјаснети околностите околу неговата смрт.

Тие последен пат биле видени заедно во средата навечер, по што заедно заминале кон хотелот.

Според американските медиуми, иако Бендик бил сопственик на ноќен клуб, не бил познат по распуштен живот.

Во недела, пак, се навршува точно една година откако Кори Монтеит почина од предозираност, што особено тешко го поднесе неговата девојка и, исто така, главна ѕвезда во серијата, Леа Мишел.

a-history-of-cory-monteith-and-lea-micheles-gleeful-romance

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top