| четврток, 6 декември 2018 |

Муџахедините му пишаа на Блатер: Катар е дел од калифатот, најди си друг домаќин за СП

katar fifa dzihadisti

Откако неодамна прогласија калифат, кој од териториите на Ирак и на Сирија во следните години, наводно, ќе се шири низ Европа, Азија и Африка, припадниците на екстремната исламистичка организација ИСИЛ, од неодамна позната како Исламска држава, испрати писмо до претседателот на ФИФА, Сеп Блатер.

Во дописот исламистите бараат од првиот човек на фудбалската федерација да најде нова локација за одржување на Светското првенство што треба да се одржи во Катар 2022 година.

– Драг Џосеф, веќе ви пишавме во 2010 година кога решивте или од страна на поранешниот катарски емир бевте покупени да донесете одлука Катар да биде домаќин на Светското првенство. Сега, откако е прогласен калифат, објавуваме дека Светско првенство во Катар нема да има, со оглед на тоа што Катар ќе стан дел од калифатот под владение на калиф Ибрахим бин Авада Алкаршија, кој не одобрува корупција или отстапување од исламот во муслиманска држава. Со тоа ви предлагаме да донесете одлука за замена на државата домаќин. Исламската држава  има проектили со долг дострол од типот СКАД кој лесно може да стигнат до Катар, како што Американците веќе знаат. Ви благодариме, пишува во писмото на терористите кое го објави египетскиот весник „Ал Ватан“.

Калифот што се споменува во писмото е Абу Бакр ал Багдади, првиот човек на Исламската држава, кого го сметаат за еден од најопасните луѓе на планетата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top