Српскиот претседател, Томислав Николиќ, во интевју за агенцијата „Блумберг“ оценува дека неговата ориентација Исток-Запад ја следи надворешната политика на поранешниот доживотен претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.
– Во денешно време, концептот на Титовата надворешна политика е единствен вистински избор – рекол Николиќ.
Коментирајќи го односот кон Украина, Николиќ вели дека Србија ќе продолжи да тежнее кон тоа да остане на страна од украинската криза.
– Би било многу непријатно кога би биле принудени да избираме страна. Тоа дури би ја поделило Србија. Многу луѓе во Србија се русофили, додека други ја прифаќаат западната цивилизација како подобра основа за својот житов – објаснува српскиот претседател.
Тој за агенцијата истакнува дека Србија ќе настојува да стане мост за инвестиции меѓу Истокот и Западот истовремено оценувајќи дека европско-рускиот спор околу Украина може да поттикне многу инвеститори итно да ги префрлат своите вложувања во Србија затоа што изгледа дека Европа ќе воведе санкции кои можат да имаат негативни импликации на малите и на средните европски компании кои добро соработуваат со Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



