| четврток, 6 декември 2018 |

Заев потврди – четворица загинати во несреќата кај Струмица (ФОТО)

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, во изјава за Либертас потврди дека има четворица загинати во хеликоптерската несреќа што вечерва се случи во Струмица.

Несреќата се случи кога полициски хеликоптер вечерва падна и се сруши во близина на кванташкиот пазар во Струмица.

Заев, кој се наоѓа на лице место, вели дека пожарот се уште не е целосно изгаснат, но телата се извлечени.

На местото на несреќата има медицински екипи, пожарникарски возила и многу луѓе. Се уште нема официјална потврда за загинатите. Нема информации ниту дали има повредени граѓани при падот на хелокоптерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top