Дел од зградата на американскиот Конгрес, во кој се наоѓа Претставничкиот дом, денеска е затворен пoради истекување хемикалија, соопштија официјални претставници на американската Влада.
Полицијата задолжена за безбедноста на Капитол хил соопшти дека веднаш по пријавата за инцидентот, меѓу 2:30 и 3:00 часот по локално време, а биле повикани тим експерти за опасни материи.
Федералната агенција за оддржување, водење и чување на комплексот на Капитол хил соопшти дека инцидентот е поврзан со актуелните градежни работи на отстранување на азбестните материјали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


