Честопати се зборуваше дека Бритни Спирс на нејзините настапи пее на плејбек, по објавувањето на ова видео можеме да чуеме како звучи нејзиниот глас кога не е студиски обработен.
Нејзиниот продуцент Вилијам Орбит призна дека на таа снимка навистина е Бритни додавајќи дека таа настанала додека пејачката се загревала за снимањето на оригиналната верзија.
– На секој пејач му е потребно распејување за да го загрее гласот. Загревањето е важно ако си професионалец, исто како што спортистите се истегнуваат пред да почнат да трчаат и потребно е некое време за тоа да се направи како што треба. Сум чул сешто во текот на таквите загревања. Поентата е во тоа што тие не би требало да се споделуваат со милион други луѓе, рече тој.
Britney Spears – Alien (voix Studio) (extrait) by purecharts
Вака звучи финалниот производ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.