Седумдесет и четиригодишна жена од Свети Николе загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 18.30 часот на регионалниот пат Миладиновци- Свети Николе, во близина на селото Кадрифаково.
За сега не се познати причините за несреќата во која учествувале трактор, комбе фолксваген, камион фиат дукато и автомобил форд мондео.
Во несреќата загинала Живка Димева, а повредени биле возачите на возилата и сопатникот во камионот. Сите повредени биле пренесени во штипскиот клинички центар каде им била укажана помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Трагедија утрово: Шест загинати, 27 повредени во верижен судар во Србија (видео+фото)


