Десетина жени во еден центар за азиланти во Австралија се обиделе да се самоубијат, со цел нивните деца да останат во државата, пренесуваат австралиските медиуми.
Според пишувањето на „Сиднеј морнинг хералд“, оваа невообичаена појава е забележана во центарот за бегалци, на Божикникот Остров, откако жените добиле информација дека наскоро ќе бидат префрлени во Папу Нова Гвинеја или на островот Науру.
Австралискиот одбор за човекови права изјави дека во последните 48 часа има информација за седум обиди и закани за самоубиство во центарот на Божикниот Остров, пренесува „Франс прес“.
Началникот на општината на тој остров, Гордон Томпсон, вели дека мајките се водат со мисла дека нивните деца како сираци ќе имаат поголеми можности да останат на австралиското тло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



