| четврток, 6 декември 2018 |

Млад Албанец осомничен за серија грабежи на цркви во Струшко

ПС Струга поднесе кривична пријава за М.М.(24) од село Котодеш, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела тешка кражба.

Пријавениот, во периодот од 1 мај до 8 јули 2014 година, извршил серија тешки кражби во црквите „Св.Петка“, „Св.Архангел Михаил“, и „Св.Недела“ во село Радожда, Струшко.

Тој илегално ја преминувал македонско-албанската граница по што вршел обиколка низ населбата Радожда и во погоден момент  влегувал во црквите каде што насилно и со физичка сила ги отворал влезните врати. Влегувал внатре и одземал пари, при што присвоил околу 3.000 денари.

По извршувањето на кражбите,  М.М. по илегалниот пат  се враќал назад во родното село во Република Албанија. На пријавениот му е одреден притвор во траење до осум дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top