Магазинот „Форбс“ ги пренесе резултатите од едно истражување врз основа на кое состави листа на 12 професии што се најсоодветни за жени.
Со оглед на тоа што податоците покажуваат дека жените и натаму заработуваат околу 85% помалку од своите колеги и што на помалку од 28% од водечките функции во компаниите се жени, нееднаквоста на половите кога се работи за работата и за кариерата и натаму е многу изразена. Затоа порталот „Кариер каст“ одлучи посебно да ги истакне областите во кои жените можат да напредуваат и во кои во престојните години најверојатно ќе може да очекуваат вработување.
Овој список е направен врз основа на податоците на американската служба за вработување. Предвид се земени просечната годишна плата и претпоставките за вработување до 2002 година, но и критериумите како стрес, физичка активност и процент на жени што работат во таа област.
1. Статистичар
2. Маркетинг-менаџер
3. Аналитичар на компјутерски системи
4. Дентален хигиеничар
5. Администратор во образование
6. Организатор на настани
7. Менаџер на човечки ресурси
8. Аналитичар за истражување на пазарот
9. Деловен терапевт
10. Физикален терапевт
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



