Собранието на Република Македонија денеска со 71 глас „за“ и еден „против“ го прифати предлогот за именување заменик-министри во Владата. Од 15-те заменик-министри, деветмина повторно добиваат мандат, а останатите шест првпат ќе имаат шанса да извршуваат таква функција.
Премиерот Груевски во образложението истакна дека се работи за лица кои се подготвени да ги вложат своето знаење и искуство во спроведувањето на програмата на Владата.
– Се работи за луѓе кои верувам дека ќе ја оправдаат довербата на функцијата заменик-министер. Најголем дел од нив се искусни во дејноста и имаат управувачко раководно искуство. Сите се подготвени да го вложат својот максимум, знаење, креативни капацитети и искуство и да помогнат во спроведувањето на програмата на Владата. Мислам дека со својот капацитет, зрелост и искуство ќе дадат сериозен придонес во спроведувањето на програмата на Владата – подвлече премиерот Груевски.
За заменик-министер во Министерството за одбрана е назначен Арбен Љабеништа, за заменик-министер за внатрешни работи Земри Џамиљи, за заменик-министер за правда Билјана Бришковска-Бошковски и за надворешни работи Драгана Кипријановска. Истата функција во Министерството за финансии ќе ја извршува Ардијан Џељадини, во Министерството за економија Христијан Делев и во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.
Заменик-министер за здравство е Јовица Андовски, заменик-министер за образование Спиро Ристовски, заменик-министер за труд Ибрахим Ибрахими, заменик-министер за локална самоуправа Љупчо Пренџов, заменик-министер за култура Драган Недељковиќ, заменик-министер за информатичко општество Марта Арсовска-Томовска, заменик-
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Ново продолжение на Собранието за бришење на РМ утре во 11 часот
-
Предлог законот за амнестија на лицата обвинети за „27. април“ не е усвоен
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер


