Италија се здоби со својот најмлад и најженствен парламент во целата своја републиканска историја, пишува весникот „Кориере дела сера“. Вкупната просечна возраст на пратениците и сенаторите е 48 години, а 31 процент од сите парламентарци се жени.
Просечната возраст во Домот на пратенциите сега е 45 години, а на сенаторите е 53 години. За споредба, во претходниот Дом на пратенциите просечната возраст беше 54 години, а во Сенатот 57 години.
Во однос на женското присуство во новиот Претставнички дом има 32 проценти жени, а во Сенатот 30 проценти. За споредба, во претходниот парламент имаше 21 процент жени во Претставничкиот дом и 19 проценти во Сенатот.
Најмладите пратеници се дел од најновата политичка сила- Движењето пет ѕвезди на Бепе Грило. Просечната возраст на парламентарците од движењето е 37 години (33 години во Домот на пратенциите и 46 години во Сенатот). На второ место според младоста се пратенциите на Северната лига во коалицијата на Силвио Берлускони. Нивната просечна возраст е 45 години (42 години во Домот на пратениците и 48 години во Сенатот). На трета позиција е Демократската партија на Пјер Луиџи Берсани во левоцентристичката коалиција. Просечната возраст на парламентарците е 49 години (47 години за Домот на пратенциите и 54 години во Сенатот).
Партијата на Берлускони, Народ на слободата, номинира парламентарци чија просечна возраст е 54 години (50 години во Домот на пратенциите и 57 години во Сенатот). Центристичкото обединување на Марио Монти исфрли парламентарци на просечна возраст од 55 години (55 години во Домот на пратеници и 56 години во Сенатот).
Најмладиот пратеник во новиот парламент е жена – 25-годишната Марта Гранде (во превод Големата Марта). Таа е номинирана во Домот на пратениците од Движењето пет ѕвезди од областа Лацио.
Највозрасниот пратеник,пак, е 89-годишниот Серџо Ѕаволи од Демократската партија. Тој е избран во Сенатот од областа Кампања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија


