| четврток, 6 декември 2018 |

Ева Мендез во блажена состојба?

ева

Турбулентната врска на Ева Мендез и Рајан Гослинг, постојано ги полни страниците на таблоидите. Прекинуваат, се мират, бремена е, не е. Последната вест е дека Ева е бремена и дека Гослинг ќе стане татко.

„Аксес Холивуд“ пишува дека 40-годишната убавица Мендез е првпат во блажена состојба и дека чека дете со славниот заводник Рајан Гослинг (33).

Мендез и Гослинг во врска се од 2011 година и бидејќи двојката не се појавува често во јавност, изгледа дека Ева е во 7 месец од бременоста. Последен пат е видена во јавност во март годинава, кога го прикриваше стомакот.

Официјална потврда се уште нема, но Твитер е преплавен од обожавателки кои истовремено се среќни, но и тажни поради тоа што не се на местото на Мендез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top