| четврток, 6 декември 2018 |

Ал Каеда ангажирала месар да ги дигне во воздух Ајфеловата кула, Лувр и нуклеарна централа

ajfelova

Француската полиција осуети план на радикалните исламисти за подметнување бомба во Ајфеловата кула, во музејот Лувр и во една нуклеарна централа, пишува вчерашен Ла Парисиен.

Главниот изведувач на нападите требало да биде 29 годишен Алжирец, по професија месар, со престој на југот на Франција, познат по прекарот Али М. Тој стапил во контакт со високопозициониран член на подржуницата на Ал Каеда  во земјите Магреб, и со нив разменувал кодирани пораки со планови за напад.

Како што пишува весникот, Алжирецот, татко на две деца, прв пат комуницирал со терористичката мрежа Ал Каеда преку интернет во април минатата година.

Наводно, сам предложил мета на нападите да бидат нуклеарни електрани, авиони при полетување и француски знаменитости како Ајфеловата кула и Лувр. Во случај тоа да биде претешко за организирање, предложи како мета да послужат „просечни и скромни“ луѓе на градски плоштади во ноќни клубови или на големи културни настани какви што има секој месец на југот на Франција каде што се собираат „илјадници христијани“.

– Само една фрлена граната може да повреди десетици, аргументирал месарот, по што неговиот соговорник од Ал Каеда барал со уште еден потенцијален терорист да дојдат во Алжир на воена обука, по што би се вратил во Франција и би чекал наредба.

– Потполно сум спремен и подготвен, одговорил месарот.

Сепак патот до Алжир се изјаловил. Месец претходно месарот бил уапсен од француската полиција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top