| четврток, 6 декември 2018 |

Софија: 40 повредени од град со големина на јајце

град со големина на јајце

Најмалку 40 лица се повредени во синоќешниот налет на град во Софија, Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. Некои од нив имале потешки повреди на главата, лицето и меките ткива.

Неколку лица се задржани на лечење, од кои најтешко повреден е еден дваесетгодишен човек, кој од прскање на стакло се здобил со тешки повреди заради кои морале да го оперираат.

Синоќешниот десетминутен  град со големина на јајце, предизвикал и значајна материјална штета во главниот град на Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top