| четврток, 6 декември 2018 |

Секс и алкохол – како и поднапиени да се покажете на дело

Доколку уживате во тоа да по еден турбулентен провод и наливање со алкохол, вечерта ја завршите со секс, еве на што би требало да обратите внимание.

На многу мажи тешко им успева да пронајдат партнерка, па дури и ако се работи само за секс-авантура за една ноќ. За да соберат храброст да пријдат на девојка која им се допаѓа, повеќето момци се посегнуваат на по некоја чашка алкохол. Меѓутоа, иако алкохолот ќе им ја подигне самодоворебата и ќе ги зголеми шансите за “премин”, последиците од пијанството можат да го уништат остатокот од акцијата.

Ако веќе ви се посреќило, а да не ве снајде уште една катастрофална ноќ, еве што би требало да направите.

Спречете го најлошото

Мажите знаат дека пијанството може да им направи проблем и тоа во најкритичниот момент. Едноставно, нивната гордост – машкост може да откаже послушност. За среќа, за проблемите со ерекција под дејство на алкохол има лек. Експертите тврдат дека една чили пиперка пред првиот пијалок ќе направи чуда за потенцијата, дури и во најлошите услови.

Внимавајте на позите

Замислете ситуација да заспиете на сред секс или уште полошо да се онесвестите. Затоа, секс позите во кои лежите на грб не доаѓаат во предвид. За да останете на ниво на задачата, односно да бидете активни и будни, менувајте ги позите и обидете се секогаш да бидете горе или на партнерката пристапете и од позади.

Ставете кондом!

Ова е најважната работа на која ако е потребно и по милионити пат ќе ве потсетиме. Колку и да сте запалени,  и кога е во прашање вашата постојана девојка или сопруга, но и за обична секс афера со девојка која штотуку сте ја запознале , користете кондом! Сигурни сме дека не сакате вашето дете, сеедно дали е планирано или не, да биде зачнато со “пијан сперматозоид”, a исто така важно е за другите акции да се заштитите од сексуално преносливите болести кои ги има насекаде.

 

Извор: runway

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top