| четврток, 6 декември 2018 |

Пивото придонесува за слабеење

За многумина е уживање во топлите летни денови да се седне на тераса и да се испие пиво, а сега постои совршен изговор за тоа почесто да се прави.

Истражувањата покажаа дека пивото е многу корисно за здравјето. Но, треба да се внимава да не се претера. Пивото може да ве заштити од Алцхајмеровата болест, помага при намалување на тежината и го намалува ризикот од срцеви болести.

Во списанието „Journal of the Science of Food and Agricuiture“ е објавено дека темното пиво содржи повеќе железо од посветлата верзија. Со истражувањето се утврди дека умерените „пивопијци“ имаат дури 42 отсто помали шанси да заболат од срцеви болести.

Според списанието „Менс хелт“, едно шише пиво дневно (половина литар) може да го намали ризикот од појава на камен во бубрег дури 40 отсто.

Научниците открија дека силициумот кој се наоѓа во пивото го намалува внесот на алуминиум во дигестивниот тракт и го забавува собирањето на метал во организмот и мозокот што е добар борец против Алцхајмеровата болест.

Што се однесува до „ пивскиот стомак“, научниците велат дека нема докази дека пивото дебелее. Дури тврдат дека помага за губење на вишокот на килограми.

– Конзумирањето на пиво ја подобрува работата на жолчката, што помага во варењето на мрсната храна. Содржи многу влакна, па две чаши пиво овозможува дел од препорачаната доза, што овозможува што подолго време да се чувствувате сити, изјави доктор Стефан Домениг.

И покрај доказите за здравствените предности на пивото, се предупредува дека редовното пиење на пиво може да го зголеми ризикот од појава на рак на грлото, рак на дојката кај жените, мозочен удар, висок крвен притисок, болести на црниот дроб, желудник и намалување на плодноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top