| четврток, 6 декември 2018 |

Бесими во Брисел кај Филе и Ховит

besimiМинистерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во Брисел ќе се сретне со комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе со цел да разговараат за исполнувањето на задачите од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), подготовката на Европската комисија на пролетниот извештај за Република Македонија и за актуелната политичка криза и бојкотот на опозициската СДСМ.

Освен со Филе, на агендата на посетата е и средба со известувачот Ричард Ховит и со Александра Кас-Грање, раководител на Б-одделението во Директоратот за проширување каде се наоѓа македонското досие.

Средбата на Бесими со Ховит доаѓа по одложувањето на гласањето за Резолуцијата на ЕП за Македонија во однос на октомврискиот извештај на Комисијата. Со Кас-Грање, пак, Бесими се очекува исто да разговара за техничките детали од ХЛАД-от и Специјалниот извештај за Македонија што ЕК се очекува да го објави на 27-ми април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top