| четврток, 6 декември 2018 |

Протести во Атина

Неколку стотици демонстранти денеска се собраа на централниот атински плоштад Синагма на протест кој го свика Синдикатот на вработените во државниот сектор АДЕДИ.

grcija

Улиците околу центарот на Атина се заворени, а демонтрантите попладне ќе се соберат и пред судот во кој Владата поднесе барање штрајкот да се прогласи за незаконски.

Поради штрајкот не работат државните болници, медицинските установи, социјалните и државните служби, а против отпуштања и намалување на платите, протестира и затворскиот персонал.

Штрајкот се совпаѓа со доаѓањето на претставниците на тројката меѓународни кредитори кои треба да направат нова оценка на реформите во замена за финансиската помош.

Во меѓувреме во центарот на Атина се измерени речиси 40 степени Целзиусови, но засега нема информации дека некој од демонстрантите, кои сепак дојдоа во помал број, имал проблеми поради жешкото време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top