
Годинава, првпат откако е возобновена Галичката свадба, на Петровден ќе се венчаат две двојки – Иван Сариевски, внукот на прославениот македонски пејач Александар Сариевски, и Ана Гареска и Стефан Куковски и Маргарита Ивановска. Организаторот на Галичка свадба, Месната заедница „Галичник“, со оваа двојна свадба сака да испрати порака да има што повеќе венчавки и да се раѓаат што повеќе деца во Македонија
Галичката свадба се одржува на 12 и на 13 јули. Во минатото, на Петровден печалбарите се враќале во Галичник и тогаш се правеле свадби, можеби и по педесет во еден ден. Денес тоа е свадба на која има посетители од целиот свет. Далеку прочуена и ретко видена, пред сѐ, поради обичаите и традицијата која сѐ уште се негува.
Галичката свадба обединува повеќе од 30 свадбени обичаи карактеристични за мијачкиот крај, од кои повеќето и ден-денес се изведуваат и на обичните свадби. Сепак, носиите, фолклорот, големиот број учесници, како и амфитеатралниот амбиент на Галичник, ја прават Галичката свадба незаборавно доживување за секој посетител.
– Годинава не распишавме конкурс за зетот и за невестата што ќе се венчаваат, туку едноставно сакавме повеќе двојки да се венчаат, и со тоа тие да останат во организацијата на оваа манифестација – велат од Месната заедница „Галичник“, која ја организира свадбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


