
ПС Струга поднесе кривична пријава против А.В.(48) од струшкото село Радолишта, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата.
Пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба како раководител на јавното претпријатие „Проаква“, во своја корист, а на штета на јавното претпријатие, прибавил материјална имотна корист од 328.512 денари.
Противправната постапка пријавениот ја направил во текот на 2012 и 2013 година, кога од фирма од Скопје подигнал ХТЗ опрема која воопшто не била донесена и прикажана во магацините на претпријатието.
Исто така, пријавениот дополнително го оштетил струшкото јавно претпријатие со кое раководел, за 523.500 денари. Тој во текот на 2012 и 2013 со казнено-поправниот дом затвор Струга склучил договор за привремено ангажирање на осум затвореници во „Проаква“ како работници за одржување паркови и зеленило. Од увидот во книговодствените евиденции на двата субјекти, констатирано е дека за секој ангажиран затвореник, КПД наплатил дневница од 500 денари, ангажираните затвореници, најчесто не се појавувале на работното место и не ги извршувале работните задачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


