| четврток, 6 декември 2018 |

Слабите девојки не се веќе ИН!

Жените мислат дека слабата Мишел Киган има најубаво тело во бикини, но мажите повеќе гласови и дале на расната убавица, Кели Брук. Најновата анкета, направена во Англија, покажала дека мажите повеќе сакаат облини, додека жените преферираат манекенски слаби фигури.

кели

И додека според мажите Кели Брук има најдобро тело во бикини, жените кои во поранешни анкети признале дека Кели има најубаво деколте, овојпат предност и дале на Мишел Киган.

киган

Киган, за разлика од Кели има значително послаба фигура, помалку облини, но сепак прилично бујно деколте и ислучително долги нозе. Дамите мислат дека е тоа идеална комбинација за бикини.

На жените исто така им се допаѓа и телото на Еби Кленси, Шерил Кол и Ема Вилис. Фигурата на песочен часовник на Бијонсе им се допаѓа и на мажите и на жените, па завршила на трето место кај понежниот после Киган и Брук и на осмо место кај посилниот пол.

бијонсе
Интересно е што мажите рекле дека совршената кофекциска величина за жени е 40, додека жените мислат дека е многу подобро да се носи фустан со број 38.
Со оглед на овие резултати, изгледа дека не се мажите тие кои од жените очекуваат тие да изгледаат како слабите холивудски ѕвезди- туку тоа го прават самите жени.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top