| четврток, 6 декември 2018 |

Сино око – спонтани, кафено око верност

eyes-close-up1

Црни очи

Иако, реално не постојат целосно црни очи, оние кои имаат темно кафени се сметаат за такви. Темпераментни се, хиперактивни и полни со страст. Секогаш се предадени на она што го прават или она што го сакаат, натпреварувачки се настроени и сакаат да привлечат внимание. Се опишуваат и како таинствени и тешко заљубливи. Маана им е нетрпеливоста.

Сини очи

Интензивна боја која се поврзува со небото, енергијата и рационалното размислување. Овие луѓе се сметаат за лесно достапни, шармантни и пријателски настроени. Покрај тоа, многу се спонтани, подготвени се да испробаат сè и да се развијат како личности. Маана им е зборливоста, нетактичноста и брзоплетоста.

Кафени очи

Богата боја која се поврзува со енергијата на земјата, креативноста, упорноста и плодноста. Најмногу луѓе има со кафени очи и за нив важи тоа дека се емпатични, независни и верни. Кафената боја претставува и силен сексуален нагон, желба за дружење и екстровертност. Материјалните работи не им се многу важни како положбата во друштвото, Маана им е чувствителното его.

Сиви очи

Сивите прилично ретко се среќаваат, а симболизираат мудрост и цврст карактер. Луѓето со ваква боја на очи се родени водачи кои можат да најдат решение за сè. Лесно се приспособливи, смирени се и големи љубители на природата. Имаат рационален став во животот, верни се и склони на долги врски. Маана им е емотивната чувствителност.

Зелени очи

Зелената боја симболизира харизма, иновативност, младост и здравје. Луѓето со зелени очи се опишуваат како љубители на авантури и секакви врсти на задоволство во животот. Добри говорници се, снаодливи во друштво и ретко се осамени. Страсни љубовници се, но и во љубовта се понекогаш превртливи, па ни самите не знаат што сакаат. Маана им е тврдоглавоста и љубомората.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top