| четврток, 6 декември 2018 |

Нордиски меморијал Тоше Проевски

Крос кантри трките во Крушево се новитет како впрочем и македонската ски серија која преку викендот продолжува во Маврово со натпревари за олимписки норми

Денеска во Крушево започнува, ќе трае до утре, првиот меморијален натпревар во ски трчање во чест на Тоше Проевски. Вчера пред спомен куќата на музичката легенда се одржа отворањето, а денеска се трките на 10 километри за мажи и пет за жени на кои ќе учествуваат 50 крос кантри скијачи од Грција, Србија, БиХ и Црна Гора.

Утре во Крушево ќе има уште два натпревара, по што македонската нордиска серија се сели на Маврово и станува поквалитетна и поинтересна. На Бистра в сабота и в недела се одржува 50. јубилејно издание на Мавровскиот меморијал кој годинава ќе биде  извонредно атрактивен бидејќи постои можност во трките во месноста Мирна долина да се обезбедуваат норми за Зимските Олимписки игри во Сочи во 2014. година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top