| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот за одбрана Зоран Јолевски во Пентагон бара влез во НАТО

zoran-jolevski-2

Влезот на Македонија во НАТО и учеството на земјава во новата мисија на Алијансата во Авганистан – „Одлучна поддршка“, се двете клучни теми на кои македонскиот министерот за одбрана, Зоран Јолевски денеска и во наредните два дена во Вашингтон ќе разговара со високи официјални претставници на САД, јавува Алфа ТВ.

На агендата на Јолевски денеска е средбата со конгресменот Мајк Конавеј, член на американскиот Комитетите за одбрана и разузнавање, како и работниот ручек со дваесетина претставници на Белата куќа, Пентагон, Стејт департманот, како и повеќе институти кои изготвуваат анализи за безбедносна ситуација во светски рамки и улогата на НАТО. Средбата на македонскиот министер за одбрана со помошник државниот секратар за одбрана на САД, Дерек Колеткоја требаше да се одржи денеска е одложена за утре, на барање на домаќините.

Освен пристапувањето во НАТО и учеството во нејзините мисии Јолевски со официјалните американски претставници ќе разговара и за соработка во областа на одбраната меѓу Македонија и САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top