| четврток, 6 декември 2018 |

Кражба: Пензионерите во скопското Буковиќ останаа без пензија

Makedonska-poshta-firma

Разбојници ја украле пензијата на селаните во Буковиќ, откако сред бел ден насилно влегле во селската пошта. Според полицијата, двајца маскирани , вооружени со пиштол и автомат влегле во експозитурата на поштата и им се заканиле по живот на тројцата вработени. Ги барале пензиите кои претходно со полициско обезбедување биле донесени во поштата.

Разбојниците однеле милион денари пред очите на еден пензионер кој во тој момент требало на шалтер да му ја исплатат јунската пензија. Во сефот разбојниците оставиле околу илјада евра. Со својот плен избегале пеш. Според кажувањата на жителите од ова скопско село кое се наоѓа по првата патарина на автопатот Скопје- Тетово ова е трет грабеж на поштата. Претходно два пати бил однесен сефот на експозитурата.

Од Македонски пошти кои во мометов работат без директор поради пратеничката функција на претходниот, потготвуваат тендер за безбедносна заштита на нивните објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top