| четврток, 6 декември 2018 |

Пет знаци дека сексуалниот живот ви е во алармантна состојба

Сексот не доаѓа сам по себе и ако до толку е изретчен во вашата врска, време е за сексуален мејковер.

Забава пред компјутер

Ако идеално помината вечер за вас двајца значи седење пред компјутер и играње игрици, време е да промените нешто. Излезете на место каде вообичаено не излегувате, напијте се малку, разговарајте, едноставно сменете средина. Желбата за интимност полека ќе се разбуди.

Срам

Бројни истражувања покажуваат дека голем дел од мажите и жените не се задоволни од својот изглед, а самодовербата е нешто што најмногу влијае врз добриот секс. Искористете го тоа што сте долго заедно со вашиот партнер или, пак, едноставно поработете на себе. Заедничката активност, вежбање, трчање, пешачење, фитнес, сеедно, повторно ќе ве зближи и ќе ви ја врати желбата за секс.

Секс два пати годишно

Не постои правилен број колку секс треба да се има, но кога се случува два пати годишно, во сите стандарди е малку. Овбично еден од партнерите не е задоволен од тоа колку често има секс. Ако тоа сте вие, тогаш поработете на создавање на шанси и прилики. Ако тоа е вашиот партнер, удоволете му. Освен ако не сакате да го гледате постојано нерасположен или, пак, со некој друг/а.

Без оргазам

Ако не можете да постигнете оргазам не сте единствени, стресот навистина е тивок убиец. Но, немојте да глумите, ниту пак, да избегнувате секс. Препуштете се на фантазијата, експериментирајте, пробајте и со самозадоволување. Не ви треба уште една птичина за нервоза во животот.

Монотоност

Нема потреба да се дојде до монотоност во сексот, бидејќи се лежи во добрата комуникација. Разговарајте со партнерот, погледнете или прочитајте некоја добра еротика, не уништувајте една толку добра сатисфакција во животот, како што е сексот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top