Во присуство на премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска почна проширувањето и реконструкцијата на улицата „Јордан Мијалков“, поранешна „Железничка“.
Реконструкцијата ќе се врши од улицата „Герман“ па се до улицата „Павел Шатев“, во должина од 750 метри, со што ќе се добие уште една коловозна лента, ќе има странично зеленило од 1,5 метар, сервисна улица по целата должина и надолжен паркинг. Градежните работи ќе ги извршува градежната фирма „Пелагонија“ од Гостивар, додека уличното осветлување е на компанијата „Диџит“.
Вредноста на оваа инвестиција е 47 милиони денари, од кои 43 милиони денари се за градежните работи и четири милиони денари за уличното осветлување.
Како што нагласи градоначалникот Трајановски, градежните работи би требало да завршат за 150 работни дена, а доколку нема никакви проблеми во врска со подземни инсталации би можело и порано.
– Со завршување на оваа улица ќе се добие поголема проточност, поголем бенефит од аспект на екологија. Оваа улица практично ќе биде дел од сообраќајниот јазол што се прави на овој дел од градот Скопје околу Јужниот булевар. Ова е во функција и на подготовките што ќе се прават кога ќе биде готов Јужниот булевар и двата кружни тека што ќе се направат на крај, изјави градоначалникот Трајановски.
Тој нагласи дека со овие градежни работи Градот Скопје работи како што предвидено односно согласно изборната програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


