| четврток, 6 декември 2018 |

САД уапсија хакер – син на руски пратеник

hakerСин на руски пратеник е уапсен во САД бидејќи, наводно, извршил повеќе хакерски напади врз малопродажни компјутерски системи поради кражба на податоци со кредитни картички, по што Москва го обвини Вашингтон за кршење на билатералниот договор и „киднапирање“ на руски државјанин. Пратеникот во Руската Дума од партијата ЛДПР, Валериј Селезњов, потврди дека американската специјална служба го привела неговиот син Роман на аеродромот на Малдиви.

– Разговарам со руското Министерство за надворешни работи. Киднапирањето е злосторство, истакна Селезњов, додавајќи дека Русија мора да ги заштити своите државјани и Роман мора да се врати во својата земја.

Во меѓувреме, руското МНР наведе дека киднапирањето руски државјанин го смета за најнов непријателски потег на Вашингтон.

Американското Министерство за внатрешна безбедност вчера соопшти дека тајната служба на 5 јули го уапсила 30-годишниот Роман Валеревич Селезњов поради дела кои ги извршил во периодот меѓу 2009 и 2011 година.

Роман Селезњов во март 2011 година е обвинет за повеќе дела, меѓу кои банкарски измами, предизвикување штета на еден заштитен компјутер и тешка кражба на идентитети, како и хакерски напади врз веб-страници на повеќе мали ресторани и клубови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top