По возбудувањата во ЛШ ракометот и натаму е сфера на наш интерес иако ги менуваме насоките, а делумно и фокусот бидејќи досега бевме посветени само на Металург, а сега паралелно го следиме и Вардар Про. Нашите екипи се обидуваат да обезбедат место на завршниот турнир од СЕХА лигата и впечаток е дека токму ова е клучниот период.
Ако македонските екипи остварат четири победи во следните четири дена ќе им ги затворат вратите на конкурентите за Фајнал форот, а Македонија ќе може да започне со подготовките за организација на завршницата на СЕХА лигата.
Металург од вчера е на Цетиње на средба со Ловќен што започнува во 18 часот, а Вардар Про е на патување и игра во Словачка, во Прешов кај Татран. И овој меч тргнува во исто време со тој во Црна Гора.
Табелата ќе потврди дека со нови бодови најдобрите македонски ракометни колективи уште денеска ќе создадат осетна предност во однос на екипите зад нив, а секако ќе се изедначат и со водечките Брест Мешков и Загреб. По вечерашните средби и Металург и Вардар Про продолжуваат со патешествието. Екипата од Автокоманда в петок игра кај Извиѓач, а црвено-црните одат во Бања Лука кај Борац в сабота.
СЕХА ЛИГА
14 КОЛО:
ЛОВЌЕН-МЕТАЛУРГ (18.00)
ТАТРАН ПРЕШОВ-ВАРДАР ПРО (18.00)
ТАБЕЛА:
БРЕСТ МЕШКОВ 31
ЗАГРЕБ 29
МЕТАЛУРГ 27
ВАРДАР ПРО 26
ЛОВЌЕН 23
ТАТРАН ПРЕШОВ 22
НЕКСЕ 22
15 КОЛО:
ИЗВИЃАЧ-МЕТАЛУРГ (петок)
БОРАЦ(БЛ)-ВАРДАР ПРО (сабота)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


