По многуте албански интелектуалци, политичари, уметници што ги искористија протестите за случајот „Монструм“ за да станат херои за „5 минути“, денеска и видни македонски новинари и медиуми се обидуваат случајот, за кој сѐ повеќе е јасно дека е инициран и организиран од меѓународни радикални исламски групи, да го злоупотребат политички и да го претворат во партиски поени.
Во тексот објавен на „Дојче веле“ на македонски јазик новинарката Катерина Блажевска, инаку блиска на неколку високи опозициски лидери сега и во минатото и редовен критичар на власта на Груевски, од петни жили се обидува да докаже дека, всушнност, протестите на кои се извикуваше „Господ е голем“, „Етничка Албанија“ и се вееја исламски знамиња е обид да се искажат социјалните проблеми на Албанците и на сите други граѓани во Македонија.
За таа цел авторката на текстот која говори за „општ социјален бунт“ интервјуира двајца припадници на албанската заедница и еден неименуван политичар за кој може само да се претпостави дека е Албанец.
Сите тие од свој аспект ги коментираат инцидентите, а Блажевска уште на почетокот, без да атрибуира некој од нив, веднаш заклучува дека на Македонија ѝ се заканува сеопшт социјален отпор.
Нормално, и обичен читател веднаш ќе заклучи дека пораката е дека власта не знае да раководи со државата, а со тоа индиректно се обидува да ѝ помогне на опозицијата да се врати од „мртвите“.
Очигледно, нарачаната анализа што ја објавува Блажевска содржи уште еден дел, којшто, освен што е мизерен по квалитет, е и многу провиден.
Невообичаено за „Дојче веле“, Блажевска цитира и анонимен извор од владејачкото мнозинство којшто не е ни приближно лоциран по партиска линија, а којшто, според неа, јавно признава дека луѓе на Ахмети помогнале во организацијата на протестите, коишто, наводно, подоцна излегле од контролата на партијата.
Блажевска со тоа директно и премногу очигледно ја спроведува агендата на СДСМ да се создаде конфликт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и подиректно да му се нанесе штета на лидерот Али Ахмети, чијашто партија најмногу губи од инцидентите.
Секој редовен набљудувач на социјалните мрежи знае дека омразата на лидерите на опозицијата е многу поголема кон Ахмети отколку кон Груевски откако тој претходно неколку пати ги одбил поканите на Црвенковски и на Заев да замине од владата на Груевски и да влезе во коалиција со СДСМ.
Оттаму, премногу е прозирен обидот на Заев и на Шекеринска преку Блажевска да му нанесат штета на Ахмети објавувајќи наводно признание дека ДУИ учествувала во подготовка на протестите, а подоцна немала моќ да се справи со нив.
Намерата да се апстрахираат очигледните радикални верски елементи, кои ги видоа сите на протестите, и да се зборува за социјални елементи што ретко кој досега ги препозна, е лош начин да се дојде до политички поени дури и за партија којашто и со последната анкета на Институтот за демократија продолжува да ја губи својата моќ и влијание кај граѓаните.
Таканаречената анализа, во која се зборува за сеопшт бунт, а во која, покрај двајца албански аналитичари не е консултиран ниту еден релевантен експерт за социјални теми од македонска страна, можеби е соодветна за предизборна кампања кога дел од новинарите и медиумните платени од Сорос се трудат да им помогнат на своите неспособни партиски шефови.
Но, не и во услови кога ситуацијата може да излезе од контрола и да има жртви, а за в петок се подготвуваат нови големи протести со исклучително големоалбанска и исламска радикална иконографија, без ниту еден социјален момент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени


