| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо ја направи непрепознатлива Барса, Реал во ново куп финале

Во една од најдобрите партии во ерата на Жозе Мурињо во Мадрид, Реал ја победи Барселона на Камп Ноу со 3-1 и просперираше во финалето од Копа дел Реј

Реал Мадрид ќе игра за трофеј сезонава и тоа во шпанскиот кралски куп откако во реванш полуфиналето со 3-1 на гости славеше кај налутиот ривал Барселона (вкупен резултат 4-2). Освен триумфот за кралевите е важно и тоа што демонстрираа перфектна игра во која најдобриот светски фудбалер Лионел Меси беше сведен на статист, а дел од неверојатниот креаторски ред на Каталонците не заслужи ни преодна оцена. Гостинот не и дозволи на Барса да ја игра својата игра со долг посед на топка и бесконечни додавања, и ги држеше противниците на дистанца што резултираше со егал натпревар, но со многу повеќе удари и зрели шанси за Реал. Дисциплината во играта што ја наметна Жозе Мурињо, а која вечерва “белите” ја исполнија до крај ги откажа играчите на Барселона далеку пред крајот од мечот.

Двоен стрелец за Реал беше Кристијано Роналдо во 13. минута  по правилно досудениот пенал врз него и во 57. минута кога налета на чиста топка по акцијата во која Ди Марија со дриблинг го “исчаши”  Карлес Пујол. Точка на средбата барем што се однесува до победникот, стави стперот Рафаел Варан во 68. минута со небесен скок и удар со глава по корнер, а почесниот погодок за Барселона беше дело на Жорди Алба во 89. минута.

Реал Мадрид во финалето, на за сега неопределена локација и термин, го очекува подобриот од дуелот меѓу Севиља и Атлетико Мадрид кој ќе доживее продолжение утревечер (22 часот), а во кој Атлетико оди на гости Санчез Писхуан арената со предност од 2-1.

Во меѓувреме Барселона и Реал Мадрид в сабота ќе имаат нова пресметка, но сега од 26. коло во првенството. Предвидена е за 16 часот и ќе се одвива во шпанската престолнина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top