| четврток, 6 декември 2018 |

Како да пиете без да се опиете?

alkohol
Се чини дека постои „таен“ метод како да се пие алкохол без да се опијаните. Се што треба да направите е да изедете малку сув квасец пред да почнете да пиете.

Советот доаѓа од Џим Кош, познат од рекламите за пивскиот бренд Sam Adams.  За Esquire, тој изјави дека трикот го научил од негов пријател – професионален пиваџија, кој притоа има и докторат по хемија. Според него, сувиот квасец содржи ензим наречен ADH, кој е способен да ги разложува молекулите на алкохолот на нивните составни елементи – јаглерод, водород и кислород. Истиот процес се случува кога телото го метаболизира алкохолот во црниот дроб. Така, ако дополнително го имате овој ензим и во стомакот кога ќе надојде алкохолот, тој ќе почне да го разложува, пред неговите молекули да бидат апсорбирани во крвотокот, а со тоа и во мозокот.

Квасецот ќе помогне да се намали ефектот од алкохолот и ќе го помогне работењето на црниот дроб. Во превод, ќе можете повеќе да пиете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top