Искусниот германски европратеник од редовите на Европските народни партии (ЕПП) Елмор Борк е реизбран на претседателското место во Комитетот за надворешни работи на Европарламент (АФЕТ), единствен комитет во ЕП што е важен за Република Македонија со оглед на тоа што во истиот се носат Резолуциите за нашата земја.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Брок, кој и претходните две и пол години го предводеше најсилниот комитет во европскиот законодавен дом, попладнево доби нов мандат на чело на АФЕТ.
Покрај Брок, денеска беа избрани и 14-те потпретседатели на Комитетот за надворешни работи, при што еден од нив е и големиот пријaтел на Македонија, претставникот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и ЕПП, Андреј Пленковиќ. Тој годинава го замени
Давор Иво Штиер во АФЕТ и веднаш доби високо место и во иднина ќе го заменува Брок кога ќе биде отсутен од седниците на комитетот.
– Се надевам дека во следните две ипол години ќе имаме одлична соработка во АФЕТ, каде и покрај ралзичните мислења, сепак, во минатото докажавме дека можеме да градиме мостови. Ова посебно го мислам во однос на овие критични времиња за Европската унија – истакна ново-стариот претседател на АФЕТ, Елмар Брок.
Инаку, Хрватот Пленковиќ е избран како четврти потпретседател на Комитетот за надворешни работи на Европарламентот. Тој го доби ова место со надгласување во однос на Ивета Григуле (Летонија), кандидатка на евроскептичната партија ЕФДД на Најџел Фараж. Од
71 европратеник во АФЕТ, за Пленковиќ гласаа 46, а за Григуле само 11 пратеници. Прв потпретседател на овој Комитет стана Ришард Антони Легутко (Полска) од таборот на Европските конзервативци и реофрмисти (ЕЦР), втор потпретседател во иднина ќе биде
Марина Албиол Гузман (Шпанија) од таборот на евро-нордиската левица (ГУЕ/НГЛ), додека за трет заменик на претседателот Брок е избран Јоан Мирчеа Паску (Романија) од таборот на Прогресивната алијанса на европските социјалисти и демократи (ПЕС). Пред крајот на оваа година, АФЕТ се очекува да гласа за најновата Резолуција за земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата, меѓу кои и за Македонија.
Според очекувањата, Британецот Ричард Ховит од ПЕС се очекува да остане известувач за нашата земја и тој да ја поднесе најновата Резолуција, која ќе се однесува на прогрес- извештајот што Европската комисија ќе го издаде за Македонија во средината на октомври.
Досега, Македонија доби пет последователни позитивни препораки од Комисијата, но и позитивни Резолуции од Европарламентот, со препорака за итен почеток на преговорите за членство во ЕУ. Поради грчкото вето во Европскиот совет, македонската држава веќе девет години е само кандидат и не може да почне со пристапните преговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.