Многу двојки ќе се сложат со тоа дека нема ништо поубаво од секс по кавга. И навистина е така, бидејќи количината на емоции и енергија која струела меѓу вас за време на расправата во еден момент се претвора во страст која го обзема вашето тело.
Има и такви кои не би се сложиле со тоа од една едноставна причина што веруваат дека сексот служи како средство за затнување на устата и ставање на проблемите под тепих. Но, има многу причини поради кои треба да имате секс по кавгата.Сексот за помирување може да биде подеднакво страствен како сексот на почетокот на врската.
– За време на сексот за помирување, можете да бидете ранливи. Кога сте интимни, поголема е веројатноста дека ќе доживеете силен оргазам кој го ослободува окситоцинот, хормон кој создава физиолошки механизам за поврзување со партнерот – изјави Дијана Киршнер, сексуален терапевт и психолог.
Адреналинот во телото предизвикува иста реакција како и сексуално возбудување. Тенка е линијата меѓу лутењето и сексуалното возбудување. За некои, воздржувањето од агресијата, како и сексуалната фрустрација треба да се исфрли.
Кавгата дејствува како мал натпревар меѓу партнерите. Таа ве доведува во состојба на готовност за некоја физичка активност. Супер е што најпрво се карате, па потоа физички се поврзувате и исфрлате се од себе низ страствен секс.
По сексот ќе заборавите и за што сте се карале.
Додека некои веруваат дека тој е здрав и дека преостанатото лутење може дополнително да го зачини сексуалниот живот, други тврдат дека тоа е дисфункционално однесување.
Извор: womanhealth.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


