| четврток, 6 декември 2018 |

Нигерија: 63 жени киднапирани од Боко Харам успеале да побегнат

Најмалку 60 жени и девојки, што минатиот месец беа киднапирани од припадници на екстремистичката исламистичка група Боко Харам во Нигерија, успеале да избегаат од своите киднапери.

boko haram nigerijki

Абас Гава, од локалниот Одбор за граѓанска самозаштита, изјави дека добил информации дека 63 киднапирани жени се вратиле во своите домови.

Информацијата ја потврди и висок безбедносен извор од главниот град на сојузната држава Борно, Маидугури. Жените успеале да побегнат откако нивните киднапери заминале во борба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top