Мажите несвесно сигнализираат дали ќе бидат добри татковци или не. Има осум знаци кои покажуваат дали партнерот ќе биде добар родител.
Интуитивен
Дали партнерот забележува кога уморни и дали ви нуди помош? Тоа значи дека е подготвен со вас да ја подели и грижата за детето односно околу рутинските работи кои секојдневно мораат да се извршат.
Грижлив
Дали ве држи за рака и ви ја милува косата? Со тоа покажува грижа и приврзаност. Способен е со вас да се спои на емотивно ниво што е одлично за родителски однос.
Знае да се носи со стресот
Родителството е преполно со убави моменти, но истовремено и стресно. Добро ќе ви дојде ако покрај вас биде партнер со кој ќе можете тоа да го поделите.
Дели храна со вас
Колку и да ви звучи бесмислено тоа е многу важно. Имено, ако ви понуди за вечера да пробате тоа што тој нарачал, значи дека е подготвен да дели. Доколку само зграби нешто од вашата порција, тоа е показател дека се грижи само за себе и нема чуства за други личности.
Оди во продавница, готви и чисти
Значи дека одлично ќе соработувате како родител и ќе ги делите обврските, а кога е детето во прашање, таква помош добро ќе ви дојде.
Се жртвува за вас
Ќе пропушти излегување со пријателите за да биде со вас дека сте болни? Со тоа покажува дека е чуствителен, флексибилен и несебичен.
Сигурен е
Сте се договориле нешто да направи и тој тоа ќе го направи без неколку пати да го потсетите. Тоа е важно, затоа што не можете да го подигнете детето со некој кој не е сигурен и не води грижа.
Добро се согласувате
Ако вашата врска е цврста, емотивна, комуницирате, се почитувате еден со друг и се забавувате се додека сте заедно, тоа се добри показатели дека ќе бидете одлична екипа како родители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


