| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарци градат нов град крај Шибеник

plaza zablaceШвајцарски инвеститор вложува над 1,5 милијарди евра во проект близу Шибеник што ќе измени слика за хрватскиот туризам, но и ќе упати порака за потенцијални инвеститори дека се исплаќа да се вложува во тој дел од светот.

Седум години и 60 милиони евра биле потребни за да се купи земјиштето во Заблачe покрај Шибеник за изградба на нова градска населба. Швајцарците се подготвени за почеток на работите штом завршат ДУП, што се очекува во крајот на годината.

Новиот град за 2.500 жители ќе ги има сите потребни содржини – од хотели од висока категорија, вили, пристаниште, амбуланти и градинки, а се во согласност со највисоки еколошки и просторни стандарди. Сите досегашни администрации на Шибеник дале поддршка за проектот. Инвеститорот смета дека на тој начин ќе ја продолжи туристичката сезона во Шибеник на речиси цела година и со тоа би дал целосно нов импулс на туризмот во Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top