Италијанскиот дизајнер реши да помогне во промоцијата на културните вредности на Италија. По тој повод, тој ќе ја финансира изложбата посветена на животот и делото на ренесансниот уметник Донато Браманте во познатата галерија Pinacoteca di Brera во Милано. Џорџо Армани ќе ѝ донира 3оо илјади евра на миланската галерија за да биде домаќин на изложбата на која ќе има слики, цртежи и скулптури од приватната колекција на уметникот.
Армани е единствениот приватен спонзор на изложбата која ќе биде отворена на 11 ноември и ќе трае до 1 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


