| четврток, 6 декември 2018 |

Порталите финансирани од Сорос ширеа параноја по протестите за „Монструм“

soros

Во голема мера полугата на Сорос (портали и интелектуалци кои се финансирани од нив) потпомага во ширењето тензија поврзано со протестите околу случајот „Монструм“. Сорос со години инвестира во мрежа на медиуми на албански јазик и има делумно влијание во публикувањето вести и јавно мислење на албанската јавна сцена. Тоа се гледа и по текот на парите. Откако се случија протестите, најгласни во ширењето параноја беа албанските „Лајм“ и „Порталб“, финансирани од „Сорос“ на Владимир Милчин.

„Порталб“ е чедо на 2Сорос“. Минатата година доби 40.977 евра донација од Сорос. На страницата на Институт отворено општество во делот на партнери на организацијата е посочен токму овој портал. Весникот „Лајм“ за една година има добиено 26.406 евра. Од друга страна, тука се вклучени и веќе познатите Албанци кои со години живеат од тезгите на Сорос – Ким Мехмети – се појавуваше на трибините на ГЕМ, Мерсел Биљали еден од иницијаторите на движењето „Граѓани за европска Македонија“ (ГЕМ), Алберт Муслиу…

Шемата е следна – голем дел од написите на албанските медиуми се преземени токму од порталите и медиумите на Сорос. За неколку часови подоцна сите се објавувани од Плусинфо, Либертас, А1он, НОВА ТВ… Нема ниту извор на информација, ниту потврден факт, туку само шпекулации и чисто манипулирање кај албанските медиум.
Дел од тензичните наслови што ги пренесуваа овие медиуми се:

Порталб: Доколку протестите бидат сфатени како „Монструм“, ситуацијата може да ескалира

Муслиу за Порталб: Лошото менаџирање на ситуацијата може да предизвика конфликт

Биљали за Порталб: Протестите треба да продолжат

Алберт Муслиу вели дека лошо изменаџираната ситуација можела да предизвика поголеми инциденти. Аналитичарот вели дека процесот „Монструм“ е изменаџиран на лош начин од сите аспекти, а секоја интервенција на полицијата по домовите била неприфатлива.

Мерсел Биљали за Порталб вели дека протестите не треба да запрат, туку тие треба да продолжат, но со дефинирани конкретни барања. Според него протестите треба добро да се организираат, да бидат јавни, да се пријават кај надлежните и да бидат масовни. Албанските медиуми дополнително додаваат масло на огнот со пишувања дека „Македонските затвори се наполнети со Албанци“, статија која можеше да се најде речис на сите медиуми на албански јазик.

ЛАЈМ

Македонските затвори наполнети со Албанци!

Осуда која не ја направиле ниту српските судии

Таму каде што судовите се координираат од владата=Слепа правда

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top