Не случајно, во овој период од денот, непосредно пред почетокот на централниот одбор на СДСМ странците излегоа со заедничка изјава со која се зголемува пристисокот врз СДСМ и од опозицијата се бара да го прифати предлогот од ВМРО ДПМНЕ.
Шефовите на мисите на ЕУ, ОБСЕ и САД во Скопје побараа крај на политичката криза во земјата. Тие упатија повик до сите политички лидери да преземат одговорност со цел да се надмине кризата.
– Земјава во моментов се наоѓа на критична крстосница. Моменталната криза ги загрозува аспирациите на граѓаните за подобра иднина, како и политичката стабилност на земјата. Мора да се преземат чекори за одалечување од јавните ултиматуми, фиксни позиции и краткорочни тактики, а кон приближување до директен дијалог и компромис од најдобар интерес за граѓаните и државата – велат во заедничката изјава и понатаму додаваат „Во овој контекст ги повикуваме политичките лидери да преземат одговорност и без одложување да најдат конечно решение за моменталната политичка криза“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


