| четврток, 6 декември 2018 |

Катар ервејс бара Македонци за работа

qatar_img

Авиокомпанијата „Катар ервејс“ објави оглас преку кој бара млади лица од Македонија што би ги ангажирале како кабински персонал во своите авиони. Според условите во огласот, заинтересираните кандидати треба облечени во формална облека и со пополнета биографија да се појават во хотелот Холидеј Ин во Скопје на 19 јули помеѓу 9 и 17 часот. Во директен разговор со нив, ќе им бидат објаснети условите што им се нудат за работа во една од најпрестижните авиокомпании во светот.

Платите за кабинските членови на екипажот на „Катар ервејс“ се многу конкурентни. Тие се ослободени од данок на плата, имаат комплетно сместување во приватни спални соби, потоа бонус за добредојде. За време на тригодишниот договор добиваат надоместок за оброк додека се на должност, транспорт додека се на должност, сеопфатно медицински осигурување, осигурување на живот, како и бенефиции за патувања со авионите на “Катар ервејс” и во партнерски авиокомпании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top