| четврток, 6 декември 2018 |

Со македонски пасош во 103 земји, со руски влез во 95 држави

Pasosi-Pasoska-kontrola

Пасошот што го поседувате многу повеќе говори за вашиот влез во светот отколку што замислувате. Најлош од сите е авганистанскиот пасош затоа што ви обезбедува влез само во 28 земји во светот, македонскиот во 103, рускиот во 95, американскиот во 172 земји, а најмалку баран е пасошот на Косово со кој може да се влезе само во 38 земји.

Земјите од Европската унија се меѓу најпосакуваните, барем што се однесува на ова. Од 10 земји чии граѓани можат да патуваат во најголем број држави, девет се наоѓаат во ЕУ.

Кога е во прашање моќта на пасошот, тогаш секако се исплатува да имате пасош од Финска, Шведска и од Велика Британија затоа што нивните граѓани можат без многу формалности, односно без виза да влезат во 173 држави. Веднаш зад нив се Данска, Германија, Луксембург и САД чии пасоши овозможуваат влез во 172 земји без виза.

Македонија може да се каже дека се наоѓа на златната средина, со оглед на тоа дека со македонскиот пасош без виза може да влеземе во 103 земји. Во тоа сме подобри од Русите, Босанците, Албанците и Црногорците, додека Србите имаат можност да влезат само во една земја повеќе од нас.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top